Кој го „мести“ премиерот со црвен тепих

Цевениот тепих за премиерот Зоран Заев за време на закројувањето лозје во чест на Свети Трифун предизвика смеа на социјалните мрежи кај дежурните критичари.

И тие, но и земјоделците, кои црвен тепих не можат да стават ни дома, се чудат на протоколот на премиерот, кој среде калта поставил црвен тепих за Заев да не ги извалка своите чевли.

Дел од нив се прашуваат и дали тепихот по газењето од владините салонки ќе биде фрлен или ќе се чисти преку тендер за да биде подготвен за идната година.

SHARE

Comments are closed.