Кој од пратениците Македонци гласаше за двојазичност?

Веднаш по изгласувањето на Законот за употреба на јазиците, со кој албанскиот станува втор официјален јазик на целата територија на Македонија, на социјалните мрежи се распламти дебатата кој од пратениците Македонци ја поддржа двојазичноста.

Официјално, од 69 присутни пратеници на денешната седница на Собрание, сите 69 гласале „за“, поточно сите од Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) со коалицијата, иако Мирослав Јовановиќ од Српска странка на Македонија тврди дека бил воздржан, потоа Демократска унија за интеграција (ДУИ), двајцата од Алијанса за Албанците, Мерал Ферати од Демократска партија на Албанците (ДПА), Весел Мемеди од Национална демократска преобразба (НДП), како и независните пратеници Чедомир Саздовски и Амди Бајрам, кои излегоа од опозициската коалиција „За подобра Македонија“.

Според списокот раширен на социјалните мрежи, од присутните пратеници Македонци за Законот гласале: Томислав Тунтев, Анета Симеска-Димоска, Павле Богоевски, Костадин Ацевски, Диме Велковски, Сашко Атанасов, Лидија Тасевска, Милева Ѓорѓиева, Панче Иванов, Ристе Ташев, Александар Кирацовски, Бетиане Китев, Тања Ковачев, Васко Ковачевски, Сашко Костов, Катерина Кузмановска, Жаклина Лазаревска, Мери Лазарова, Хари Локвенец, Бранко Маноиловски, Никица Корубин, Горан Милевски, Соња Мираковска, Горан Мисовски, Јован Митрески, Јулијана Николова, Бери Рабаџиевска-Наумовска, Илија Николовски, Стево Пендаровски, Костадин Костадинов, Татјана Прентовиќ, Кети Смилеска, Славица Шуманска-Митева, Ирена Стефоска, Мира Стојчевска, Фросина Ременски-Тошевска, Благојче Трпевски, Петар Атанасов, Ивана Туфегџиќ, Јагода Шахпаска и Татјана Лалчевска.

На седницата не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери од „За подобра Македонија“, кои го бојкотираат законодавниот дом поради притворите за 27 април.

 

SHARE