Латас денеска подигнувал документи во СЈО

Оговорниот уредник на телевизија Сител Драган Павловиќ Латас кој е осомничен во два случаи кои ги води  СЈО,  „Тотал“ и „Тревник“ денеска повеќе од еден час  бил на распит  во Специјалното Јавно Обвинителството.

По распитот на прашањето на новинарите зошто бил повикан тој демантираше дека бил на распит:

„Не бев на распит, бев да подигнам документи. Тоа е моја работа“, рече Латас пред да замине.

Според информациите од СЈО  Латас бил во СЈО на распит како осомничен во случајот „Тотал“ за даночно затајување како сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ.

Латас од страна на СЈО се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра.

Како што изјави обвинителката Фатиме Фетаи осомничениот си купувал мебел од 65.000 евра, душеци од 3.000, рачен часовник „брајтлинг“ од 2.300 евра, персиски теписи и врвно дизајнирани кујнски садови.

Три од фирмите кои се под истрага во овој случај воопшто немале вработени што би ја користеле опремата, а четвртата имала само двајца вработени, кои биле ангажирани дури во 2014 и во 2015 година.

SHARE