Очекувани резултати и исходи потполно исти како на првите средби и во реваншите од првото квалификациско коло во Лига Европа за нашите екипи. Тоа претпоставува дека Македонија останува со две екипи во второто клупско фудбалско натпреварување на Стариот континент.

Шкендија беше најкозистентна во овие настапи, па по првичните 3-0 денеска Дачија во Кишињев беше совладана со 4-0. Стрелци за Алими, Жуниор, Зејнулаи и Хасани од пенал за вкупни 7-0 од двомечот со Молдавците, по што тетовци во следната рунда ги очекува Хелсинки.

Работнички очекувано го разби Тре Пене. И овде вкупниот резултат е 7-0 со тоа што во Сан Марино имаше еден гол, а денеска гостинот во Скопје доживеа бродолом со 6-0. Два гола во победата на “Романтичарите” постигнаа Најденов и Велинов, по еднаш мрежата од голот на противникот ја затресоа Саити и Маркоски.

Трикала, Јефтиќ и Јознијак постигнаа по еден гол за нов триумф на Лех Познањ од 3-0 во Струмица и за простување на македонскиот Куп освојувач, Пелистер. Битолчани беа убедливо послаби во двомечот зошто и во Полска беа поразени со 4-0, па интересно и овде конечниот резултат е 7-0.

SHARE