Лига на шампиони: Сите по Реаловиот трофеј

Вечерва започнува 63. едиција на Лигата на Европските фудбалски шампиони односно оној нејзин, долг по времетраење, богат по натпревари и возбудлив по интензитет дел кој го нарекуваме групна фаза.

Реал е бранител на најпрестижниот трофеј во светскиот клупски фудбал, ќе напаѓаат повеќе разочарани од минатата сезона и дополнително амбицирани во оваа. Листата на фаворити е традиционална за последните години, Барселона, Баерн, Манчестер Сити, ПСЖ, Јувентус  и Реал Мадрид. Сите други вклучувајќи ги и Челзи, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Ливерпул, Монако и останатите се во втор план.

Сезонава Лигата на шампионите се прошири до Кавказ, а Карабах е најновото име на листата учесници во глобалниот шампионат во кој во оваа пригода се вклучени дури 17 нации. Најзастапени се Англичаните со 5, пред Шпанците со 4 тима, но тие имаат убедливо највисок коефициент содаден од извонредните резултати во последните неколку години.

Ситемот на натпревари е добро познат и УЕФА ништо не менува. Шест есенски седмици во вторник и среда се играат натпреварите по групи, по што двата најдобри тима одат во осминафиналето, а третиот продолжува во Лига Европа. Се тргнува вечерва, а завршува во втората недела од декември.

SHARE

Оставете коментар