Македонија доби проруска партија

„Единствена Македонија“, по теркот на „Единствена Русија“, е името на новата партија која од денес се најави како нов политички субјект на македонската политичка сцена.

Централниот комитет на „Народно движење за Македонија“, одлучило денеска новата партијата да се преименува во „Единствена Македонија“  која ќе се залага за сојуз со Русија и за членство во Евроазиската унија..

Стефан Влахов Мицов, ќе биде заменик претседател, а за членови на извршниот комитет се избрани Драган Угриновски од Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“, Зоран Јованчев претседател на Здружението „Македонија и Русија“ – МиР, Вангел Симев универзитетски професор и поранешен пратеник, како и  бизнисмените Игор Јорданов и Ацо Николовски.

SHARE