Македонија меѓу земјите со најмал број кираџии

Како и другите земји од Балканот, Македонија спаѓа меѓу европските земји каде најголем број од населението има и живее во сопствен дом, во исто време кога неколку држави во Европа се наоѓаат на списокот на топ пет држави, дури и на светско ниво, каде голем дел од населението живее под кирија.

На прво место е Швајцарија каде 56,6 отсто од жителите се кираџии, над 40 отсто од луѓето во Германија(48.1 %) и во Австрија(44.3 %) исто така немаат сопствено живеалиште.

На првите пет места на глобално ниво се и Хонг Конг и Јужна Кореја Јужна Кореја каде 49  односно  48,1 отсто жители се потстанари.

Наспроти ова, во Европа се наоѓаат и неколку од земјите во светот со најголем број на сопственици на живеалишта: На прво место е Молдова со 97 и Романија каде 96 отсто од луѓето имаат сопствен дом.

Следат Украина, Србија, Македонија, Албанија и Хрватска  каде над  90 отсто од населението се сопственици на стан или куќа,односно под десет проценти луѓе што живеат како потстанари.

Надвор од Европа најмногу сопственици на станови има во Монголија, Киргистан, Мјанмар, Тајланд, Северна Кореја…

Во Бугарија , Гpција, Cлoвeнија, Чeшка, Πoлска, Cлoвaчка бројот на кираџии е под 25 отсто.

SHARE