Македонија нема шанси за НАТО со сегашното име, рекол Трамп!?

САД нема да прифатат влез на Република Македонија во НАТО со сегашното име на државата.

Ова го изјавил претседателот Доналд Трамп на прославата на Денот на независноста на Грција што се одржа во  Белата куќа во четвртокот, дознава бугарскиот портал „Епицентар“.

Покрај тоа, американскиот претседател побарал целосна слобода за дејствувањето на Вселенската Патријаршија на територијата на Турција и враќање на нејзините имоти во Турција. Американскиот претседател уште додал дека патријархот Вартоломеј останува најголем пријател на Америка до крајот на неговиот мандат.

Најимпресивен е фактот што американскиот претседател збурувал за Константинопол, а не за Истанбул, коментира „Епицентар“.

SHARE

Comments are closed.