Македонија 11. реформатор во светот, петти во Европа

Македонската економија го зазеде 11. место во светот и петтото во Европа во најновиот извештај на „Дуинг бизнис“ на Светска банка за условите за водење бизнис.
Од 190 држави во светот опфатени со рангирањето во кое се земени предвид податоците за десет параметри до јуни годинава пред Македонија се топ-реформаторот во глобални рамки Нов Зеланд, по кој следуваат Сингапур, Данска, Јужна Кореја, Хонгконг, САД, Велика Британија, Норвешка и Грузија по тој редослед.
Во однос на минатата година македонското стопанство падна едно место според леснотијата за водење бизнис, но од 2007 година наваму забележа скок од 81 позиција.
Македонија најдобро стои во заштитата на малцинските инвеститори, според која фигурира на четвртата позиција, а најлошо во добивањето електрична енергија, каде што е на 53. место.

SHARE