Монголија ќе биде додадена на листата на земји чии граѓани ќе можат да добиваат визи во рамките на таканаречените H-2A и H-2B за 2018 година кои се однесуваат на земјоделски и сезонски нискоквалификувани работници, објавија деновиве америкнските власти.

Оваа азиска земја сега е на списокот од 83 земји чии граѓани ја имаат таа привилегија да учествуваат во двете визни програми, на кој се наоѓа и Македонија.

На списокот се и Андора, Аргентина, Австралија, Австрија, Барбадос, Белгија, Бразил, Брунеи, Бугарија, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика Грција, Гренада, Гватемала, Хондурас, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Јамајка, Јапонија, Естонија, Естонија, Финска, Естонија, Кирибати, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Мадагаскар, Малта, Мексико, Монако, Монголија, Црна Гора, Науру, Холандија, Никарагва, Нов Зеланд, Норвешка, Панама, Папуа Нова Гвинеја, Перу, Филипини, Полска, Португалија Јужна Африка, Јужна Кореја, Шпанија, Сент Винсент и Гренадини, Шведска, Швајцарија, Тајван, Тајланд, Тимор-Лесте, Тонга, Турција, Тувалу, Романија, Сан Марино, Србија, Сингапур. , Украина, Велика Британија, Уругвај и Вануату.

Граѓаните на Белизе, Хаити и Самоа повеќе нема да можат да патуваат во САД за за привремена работа, бидејќи тие земји не ги исполнуваат програмските стандарди.

SHARE