Бриселкиот портал Vocal Europe кој што анализира прашања поврзани со демократијата, човековите права и владеење на правото спровел истражување за блискоста на граѓаните на ЕУ со своите роднини.

Според резултатите Македонија е земја каде што граѓаните се најмногу зависни од своето семејство со чии членови се гледаат редовно на дневна/неделна основа.

Зад Македонија е Малта а на трето место медитеранскиот Кипар.

На листата од седмо до деветто место се Белгија, Италија и Шпанија а на дното се Летонија, Полска и Литванија кои што очигледно не се грижат многу за своите најблиски роднини туку своето време и внимание им го посветуваат на пријателите.

SHARE

Оставете коментар