Македонци дел од криминал со „Биткоини“ во Бугарија вреден 3,2 милијарди евра

Во мај оваа година европските институции објавиле дека во заедничка операција со Центарот за спроведување на законите во Југоисточна европа (Southeast European Law Enforcement Center- SELEC) биле одземени 230 илјади биткоини (криптовалута).

Според специјализирани медиуми за овој вид на финансиски транскации вредноста на одземените единици криптовалута во тоа време била 500 милиони долари а сега фантастични 3,2 милијарди долари или 6 % од бугарскиот БДП.

Порталот „newsbitkoin.com“ сега објавува дека шефот на бугарското Специјално јавно обвинителство Иван Гешев тврди дека министерството за внатрешни раборти на Бугарија не одзело биткоини.

Според информацијата од СЕЛЕК во мај криптовалутата била одземена од криминална група составена од „Бугарски државјани со контакти во Македонија, Грција,, Романија и Србија.

Сите овие лица според информациите од Брисел биле обвинети за „регрутирање на корумпирани царински службеници во сите наведени земји кои што требало да инфилтрираат вирус во компјутерските системи на царината по што при транспорт на биткоините во системот ќе се покажело дека пратката веќе е царинета со што ќе се избегнела контролата и таксите.

Според порталот сомнително е зошто сега бугарското СЈО тври дека биткоините не биле идземени а владата во Софија предходно одбивала да даде информации за одземените биткоини објаснувајќо го тоа со фактот дека се работи за „специфични информации кои што треба по истрагата да се претворат во судски процеси“.

Медиумите кои што ја следат криптовалтутата Биткоин последниве денови интензивно пишуваат за Бугарија откако во јавноста се појавија лажни информации дека владата во Софија започнува битка против размена на криптовалутата во земјата.

Според изкјавата на Фибанк „голем број на коресподентни банки како ЈП Морган, Комерцбанк, и други со кои што работи оваа банка одбиваат да примат трансакции во кои се купуват криптовалути поради што и Фибанк запира со услуги за трговците со криптовалути.

SHARE