Македонци прават измами по телефон во Англија

Британската полиција ги истражува наводите за организирање на телефонски измами во кои се вклучени и македонски граѓани, откако добила голем број поплаки од жители на островот Вит кој што е лоциран на јужниот брег на Велика Британија.

Во еден од пријавените случаи минатата недела граѓани добиле предупредувања за неплатени даноци при што од нив се барало да ги подмират долговите преку купување на ваучер за програмата iTunes по што требало да го обезбедат серискиот број на ваучерот.

Еден од телефонските повици за измама според полицијата е направен од Македонија. Во него од жртвите на измамата се бара тие да пратат пари преку Вестерн Унион или да купат различни видови ваучери.

Британската полиција апелира граѓаните да не подлегнуваат на лажните повици од луѓе што не ги познаваат и во исто време да одбијат да дадат било каква лична информација на непознати луѓе.

SHARE

Оставете коментар