Манчевски без сопствен дом, Шеќеринска има вредна слика а Анѓушев вила на Халкидики

Новата левичарска влада може да се пофали со вистински богаташи од светски размери но и со министри кои што немаат свој дом туку живеат со родителите.

Најбогат од сите министри е Кочо Анѓушев кој тежи скоро 30 милиони евра. Вицепремиерот за економски прашања, денеска објави дека семејството  Анѓушеви поседува станови во Скопје и Белград и куќа на Халкидики во Грција  која има вредност од 250.000 евра. Од недвижниот имот во Скопје, поседуваат една куќа и пет станови во центарот на Скопје. На име на Анѓушев  се две луксузни  возила – марка „масерати“ и „порше“ во вкупна вредност од 120.000 евра.Во негова сопственост се уметнички слики и скулптури, дваесет на број во вредност од 105.000 евра, четири рачни часовници од брендовите „ролекс“, „омега“ и „картие“, златен накит и моторен чамец.

Предходно Анѓушев одлучи да се откаже од државната месечна плата од 81.000 денари. Најави дека  ќе ги донира во добротворни цели.

Според податоците објавени во Државната комисија за спречување корупција Министерот за економија Крешник Бектеши тежи 2 милиони евра.

Тој на свое име поседува куќа во вредност од 6.457.500 денари, градежно земјиште во износ од 73.800.000 денари, станови во Албанија и три автомобили.

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, поседува еден стан, една слика од Никола Мартиновски, додека нејзиниот сопруг поседува два станови во Скопје и еден во Охрид.

 

Министер без ресор, Едмонд Адеми пријави вкупен имот од околу 30 илјади евра.

 

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски пријави имот вреден околу 110.000 евра. Во анктениот лист, на име на неговото семејство пријавил куќа, земјоделско земјиште, двор и пасиште во Крива Паланка, додека на негово име има кредит од 10 илјади евра.

 

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски поседува имот од 25.000 евра, а има и кредит од 14.000 евра. Не поседува недвижности, а е сопственик на градежно земјиште.

 

Министерката без ресор Зорица Апостолска поседува имот во вредност од околу 440.000 евра. Нејзиниот брачен другар поседува куќа од 16.600.000 денари, стан во Скопје, куќи во Ресен и Ростуше.

 

Целиот владин кабинет има само уште еден ден да ги пополни анкетните листови и да ги достави до Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

SHARE