Светскиот тениски рекет број 1, Енди Мареј имаше релативно слаб противник во 73. на светската листа Андреј Кузњецов, и победи, но загуби сет на стартот од својот прв настап на францускиот Гренд Слем. Британецот е единствен од најдобрите, кој не тргна со максимална победа, тоа на пример, уште вчера го сторија Надал и Ѓоковиќ, а денеска во ист стил продолжија и, Монфис, Вавринка, Дел Потро и Киргиос.

Мареј непосредно пред Ролан Гарос велеше дека е тотално вон форма и дека тешко се мотивира, што може да биде проблем во обидот да дојде до деветтото финале и до третиот триумф на големите турнири, но и да го здржи првото место на АТП листата. Во второто коло во Париз, Мареј игра со Клизан, и ако мине, првата потешкотија може да ја очекува во третиот круг кога оди на подобриот од одмерувањето на Дел Потро и Алмагро.

SHARE