Битуше се наоѓа во западниот дел на Македонија, во регионот на Долна Река. Оддалечено е 25 километри јужно од Маврово и на дванаесет километри северно од Дебар. Распослано е во китното зеленило на Дешат, над кое е надвиснат горостасниот Крчин. Поблиску кажано, Битуше се наоѓа во атарот на националниот парк „Маврово“, на 25 километри јужно од Маврово и на дваесетина километри северно од Дебар. Пред него, на источната страна од Радика па нагоре до над 2000 метри надморска височина се издига планината Бистра со бисерот на нашата средновековна култура, манастирот „Свети Јован Бигорски“. Битуше заедно со соседните села Ростуше, Велебрдо и Требиште претставува засебна оаза со свои специфични белези и карактеристики.

Битуше е село на чешми. Изградени се и уредени вкупно 22, во селото, ливадите, над селото и во битушкиот орман. Селото има пет црковни градби: едната сред селото е „Св. Архангел Михаил“, другата „Св. Илија“, е спроти манастирот „ Свети Јован Бигорски“ во месноста Добје, третата „Св. Спас“ е на Покладишќа, две други цркви се изградени на Крчин. Навистина селото сега има нешто повеќе од шеесетина жители, но него постојано, а особено во летниот приод и за Водици, го посетуваат голем број иселени Битушани кои му го враќат вриежот на животот каков што бил некогаш.

Најголем селски празник е Свети Јован Крстител, во јануари (17-20) и во тој период домаќини и гости од сите страни на светот за да ја видат најневеројатната колона од девојки и невести во мијачки носии која сите што ја виделе ги остава без здив.

SHARE