Со иницијатива за менување на министерката за труд и социјала пратениците на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат несогласување со владината политика за бегалците и мигрантите. Тие денеска во Собранието поднесоа интерпелација за смена на Мила Царовска поради, како што се наведува, лошата и погубна стратегија.

Пратеникот од опозицијата Влатко Ѓорчев изјави дека Царовска не ги консултирала граѓаните и дека тие не се запознаени со стратегијата, а ниту се консултирани општините, туку се ставени пред свршен чин. Претходно ВМРО ДПМНЕ соопшти дека во земјава ќе се градат 14 згради на, се уште неопределени или барем необјавени локации, на кои ќе бидат сместувани бегалците и мигрантите кои ќе се стекнат и со права за домување и престој.

SHARE