Милчин: Заев е уценет од Меркел! ((ВИДЕО)

Говорејки околу разгворите со Грција за разликите околу името на Република Македонија и грчките притисоци, Владимир Милчин, во вечерашново гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал5 телевизија во еден момент рече.

„Заев е уценет“!

На прашањето на новинарката од кого, Mилчин одговори:

„Па да речеме од Меркел. Мислам дека од него бараат уставни измени“.

Понатаму тој рече дека ништо не му значеле 200-те војници кои биле наредени да го пречекаат макeдонскот премиер при неодамнершната посета на Берлин и изнесе свое мислење дека на пrемиерот му било речено да прифати она што ќе му биде ставено на маса.

Милчин смета дека за преговорите околу името повеќе е информирана јавноста во Грција, отколку овде домашната во Македонија и дека и дека тоа дополнително создава вознемиреност и фрустрации кај граѓаните.

Како ќе се организира референдум, да се прашаат граќаните доколку тие не се информирани и за текот на процесот, запраша Милчин.

На прашање кои се неговите „црвени линии“ околу идното име, Милчин рече:

„Република Македонија(Скопје)… никаква северна долна горна  и ништо што би стоерло пред зборот Македонија зошто со тоа се задира во идентитетот.

Во настап кој според реакциите на социјалните мрежи беше оценет со одобрување и како брутално искрен Милчин изнесе оценка и деветте месеци влада.

Запрашан во кој сегмент владата не покажала ефикасност, Милчин одговори „Јас не знам во кој сегмент е фикасна. Еве ви го одговорот“, рече тој.

 

 

SHARE

Comments are closed.