Познати имиња кои често играат во Лигата на шампионите ќе бидат дел од натпреварите по групи во ЛЕ заедно со нашиот Вардар. Скопјани се вториот наслабо рангиран тим според коефициентот, а тоа претпоставува дека утре во Монако, секако ќе добијат за противници големи имиња на светскиот фудбал.

Термините за одигрување на средбите се: 14 септември, 28 септември, 19 октомври, 2 ноември, 23 ноември и 7 декември. Првите две екипи од секоја од 12 групи и 8 тима од ЛШ ќе играат во 16-тина финалето во Лига Европа по нова година.

SHARE

Оставете коментар