Методија Анѓелкоски, редовен учесник во дебатите на социјалните мрежи во Македонија за актуелни прашања од национален интерес, за 27 февруари во Охрид најави одбележување на годишнината од почетокот на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

„На 27.02.2018 (Вторник) во 18:00 часот. Дали сам, дали со луѓе – ќе си појдам пред ‘Минимаркет’ во Охрид. Ќе си прошетам по патеката на државноста. Да го потсетам или да го потсетиме народот дека сме живи. Не горните, не северните. И не помочаните и уплашените. Македонците по род и Македонците по држава, без оглед дали се Турци, Роми, Власи, Срби…

Споделете го ова. Сите градови и села имаат свои патеки на државноста. Излезете да им покажеме на неправедно притворените дека не се сами. Не се напуштени.

Да им покажеме на душманите дека добиле битка, војната не им е добиена.

Нема да блокираме сообраќај. Ќе одиме по тротоарите. Нема да бараме заштита од полиција. Не мора да ни се приклучи партија или организација. Добредојдени се сите на кои им прекипе. Од ВМРО, од СДС, шарени или црвени ли… Луѓе сме, грешки си простуваме… Луѓе сме што сакаат правда наместо репресија. Луѓе сме, сакаме држава наместо сатрапија. Луѓе што сакаат прогрес наместо дигресија!

Ако сум сам, кажете будала е човекот, наведнете ја главата и бидете среќни во животот со тоа што следува. Ако ми дојдете, сте ја оправдале титулата ЧОВЕК!“, напиша Анѓелкоски на својот профил на „Фејсбук“.

 

SHARE