Неа Демократија нервозна од мерките за градење доверба со Скопје

Јоргос Кумуцакос пратеник на грчкта партија Нова демократија го прозва шефот на грчката дипломатија да објасни кои се ефектите од мерките за градење доверба со Скопје и како тие придонесуваат околу главното прашање кое се однесува на билатералните односи, односно прашањето за името.

Тој вели дека и покрај обидот да се создаде впечаток дека климата во односите е подобрена, тврдоглавоста на Скопје продолжува.

Кумуцакос,  во парламентот изјави дека Скопје не само што ја задржува својата иредентистичката политика спротивна на основните принципот на добрососедски односи и меѓународното право, туку врши и систематско прекршување на Времената спогодба.

Од говорница, тој побара министерот за надворешни Никос Коѕиас во официјални изјави да ги зајакне грчките позиции, а не да се да создаваат услови кои ќе бидат искористени од трета страна.

-Како нашите партнери во ЕУ и нашите сојузници во НАТО ќе застанат во знак на солидарност заедно со нас, вели Кумуцакос, во почитувањето на духот на колективните одлуки Букурешт, кога ние самите се чини дека ги изедначуваме ставовите на Скопје со грчките.

Освен ако шефот на Министерството за надворешни смета дека Скопје ги напуштило своите иредентистички ставови кон Грција, пренесува „Ефимирида“

Пратеникот Кумуцакос е раководител на Секторот за надворешни работи во опозиционата Нова демократија, а повод за прозивката веројатно се двете официјални средби на Коѕиас со шефот на македонската дипломатја Никола Димитров.

SHARE

Оставете коментар