Предметот на Македонска православна црква не бил коментиран за време на посетата на рускиот патријарх Кирил на Бугарија и средбата со челникот на БПЦ, патријархот Неофит, соопшти протојереј Николај Георгиев, портпарол на Светиот Синод на Бугарска црква.

Според неговите зборови, Бугарската црква сè уште не презела никакво дејствие во врска со Македонската црква. Писмото што го напишала македонската црква беше посакувано и очекувано, но с’е уште не се започнати активности, изјави протореј Георгиев.

Православната црква на Македонија – Охридската архиепископија, со писмо на 9 ноември ја замоли Бугарската православна црква да ја признае за самостојна.

Доколку Светиот синод на БПЦ ја признае Охридската архиепископија за самостојна, тогаш Македонската црква ќе ја прогласи БПЦ за Црква-мајка.

SHARE

Comments are closed.