Не се само амандманите проблем за Законот за јазици, членот 173 е пострашен

Законот за јазиците денеска според сите најави ќе биде ставен на гласање и постои огромна можност истиот да биде донесен со мнозинство составено од пратениците на СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.

Според најавите спикерот на парламентот законот ќе го стави на гласање без да се расправа за 35 илјади амандмани поднесени од страна на ВМРО – ДПМНЕ по забелешките дадени од страна на претседателот Иванов кој стави вето на законот поради неговата спротивност со уставот.

Но правно гледано Законот покрај амандманите кои што според законите и уставот не смеат да се избегнат, има уште една правна причина поради која тој не смее да биде изгласан.

Всушност тој воопшто не смее да биде ставен на гласање затоа што според Член 173 од Деловникот на Собранието неговото правно дејствие е завршено и тој мора да почне да се носи од почеток.

Во членот 173 од Деловникот за работа на собранието јасно е наведено дека Законот воопшто не смее да биде ставен на дневен ред а не пак да биде изгласан.

Во ставот 2 од членот 173 се вели дека ако претседателот одлучи да стави вето, што кај нас се случи, тој може да биде ставен на трето читање но во рок од еден месец откако е донесен.

Со оглед на тоа што законот е донесен на 11 јануари оваа година и досега изминале повеќе од 30 дена односно вкупно 61 дена откако е првично донесен, тој мора да се носи во сосема нова процедура а не во рамки на сегашната.

Член 173 од Деловникот на Собранието

(1) Претседателот на Собранието, веднаш по донесувањето, законот го доставува до претседателот на Републиката заради потпишување на указот за прогласување на законот.

(2) Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот.

(3) По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.

Во предлогот од Владата до Собранието основата за усвојување на законот се дава во Деловникот на Парламентот, истиот тој кој забранува законски проекти да се носат ако изминале роковите за нивно гласање.

SHARE

Comments are closed.