Во последните денови од постот за Божик и за бадниковите прослави, огновите, домашните вечери или заедничките собири реперторат на храна е главно познат. Гравче, посна сарма, риба, евентуално макало и пити. Ние ви предлагаме нешто сосема ново, но и не непознато во делови од нашата земја. Туршијата со праз е со различен вкус од се што до сега сте пробале.

Потребни состојки:
-Зелени домати и пиперки од туршија
-Праз
-Масло
-Бибер, вегета, сол

Подготовка:
Туршијата се сецка на поситни парчиња и се става во тава сод масло на оган. По кусо пропржување се додава исчистениот и на кругови исечен праз (3 страка се доволни за половина килограм туршија), и сето се пржи подолго време (40 минути). Се посолува внимателно заради соленоста на туршијата, а биберот и вегетата се по вкус.
Ова јадење трпи и запршка, но не мора, а во старо време се јадело со леб, што вие можете да го избегнете.

SHARE