Опозицијата поднесува кривична за “дивјачкото однесување ” на Заев и Ахмети

Опозицијата бара реакција од Уставниот суд, и најави дека ќе поднесе кривична пријава за прекршување на законите и деловникот на Собранието.

Кога тогаш за правните преседани некој ќе мора да одговара и ќе одговара, изјави претседателот Христијан Мицкоски кој однесувањето на Заев и Ахмети го нарече дивјачко.

ВМРО – ДПМНЕ нема да ја напушти масата на која ќе се решава за реформските закони и покрај тоа што некој денеска се обиде опозицијата да ја исфрли од масата, изјави вечерва Мицкоски.

Според него поразителна е изјавата на ДУИ дека нив не ги интересираат реформите туку само законот за јазиците.

SHARE