Деновиве не измачуваат тропските горештини и сите сакаме нешто што ќе не разлади и ќе не освежи. Жедта во жешките денови најлесно ќе ја надминете со природна лимонада со вкус на праски.
Идеалниот спој на слатко-кисели овошни вкусови ќе ви ја врати енергијата и ќе посакате уште и уште. Вистински еликсир за топлотниот бран.
Состојки:
– 4 шолји вода
-2 шолји сецкани праски
-1 шолја свежо исцеден сок од лимон
-3 шолји шеќер
-2 шолји мраз
Подготовка:
Во големо тенџере ставете ги водата, праските и шеќерот, и поставете го на оган. Откако водата ќе зоврие, варете 3-4 минути за да омекнат праските.
Низ голема цедилка претурете ја течноста во друг сад, а праските пасирајте ги со лажица за ги отстраните лушпите и месестиот дел.
Ставете ја течноста во фрижидер да се лади неколку часа.
Додајте го сокот од лимон во течноста со вкус на праска и ставете мраз.
Послужете ја лимонадата ладна. Украсете со парче праска, јагоди, нектарини, лимон или цреши.