Македонија на 25 февруари ја очекува третиот меч од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година и само уште една победа ќе ни биде доволна за просперитет во квалификациите. Селекторот Јорданчо Давитков за мечот со Словачка во Скопје ќе се потпре на познатите, проверените и тие што се подготвени да се јават во селекцијата во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА. Тоа вели дека во денеска соопштениот список го нема центарот на Евролигашот Црвена Звезда Перо Антиќ кој е повреден, но во исто време не игра за нашата репрезенатција веќе четири години.

Еве го поширокиот ростер од кој подоцна ќе бидат избрани тие што ќе настапат против Словачка што за нас е трет настап по ноемвриските триумфи со истиот противник на гости (74-66) и дома против Швајцарија (83-68), што не чини убедливо први во групата А од претквалификациите за ЕП во 2021 година.

Александар Костовски
Дамјан Стојановски
Адем Мекиќ
Андреј Магдевски
Бобан Стајиќ
Џордан Теодор
Лестер Бо Мекејлеб
Војдан Стојановски
Дарко Соколов
Ненад Димитријевиќ
Димитар Караџоски
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Кирил Николовски
Марко Симоновски
Диме Тасовски
Ѓорѓи Чековски
Аце Штерјов
Андреј Маслинко
Љубомир Младеновски
Бојан Крстевски
Ричард Хендрикс
Марјан Јанески

SHARE