Хрватската европратеничка Маријана Петир, шеф на Група на пријатели на Македонија во Европски парламент, објави дека ќе продолжи да ја поддржува земјава и покрај известувањето од Владата дека се формира нова група за пријателство со друг претседател.

Таа се обрати со видео-порака за актуелните случувања околу разговорите за разликите за името со Грција, нагласувајќи дека „Македонија веќе има свое име“:

Покрај откажувањето од Петир, Владата на Заев на својата седница синоќа ги разреши и почесните македонски конзули Џејсон Мико, Ричард Голдман, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.

 

SHARE

Comments are closed.