Пирошки со пилешко месо

Пирошките по дефиниција се вкусни, а со пилешко се и општо прифатени, со оглед на тоа колку ова месо е популарно кај сите возрасти и најмногу кај младите. Значи грешка, нема.

Состојки:

100 гр. грашок
100 гр. морков исецкан
100 гр. компир исецкан
600 гр. пилешки гради исечени на мали коцки
1 лажица павлака
220 гр. путер исечен на мали коцки
6 лажици вода ладна
50 гр. шеќер
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка прашок за пециво
650 гр. брашно
2 лажички шеќер
2 лажици соја сос
50 мл. вода
4 чешниња лук

Начин на подготовка:
Во тава додадете малку масло и пропржете ги лукот и кромидот. Додадете го пилешкото и продолжете со пржење додека да добие златно жолта боја. Потоа додадете компири, моркови, соја сос, сол и црн бибер. Добро измешајте ја смесата и продолжете со готвењето уште 2 минути. На крај додадете суво грозје, грашок и шеќер и гответе уште 2 минути. Одстранете ја тавата од рингла и оставете ја смесата да се излади.
Во сад измешајте брашно, шеќер, прашок за пециво и сол. Потоа додадете путер и почнете со месење на тестото постепено додадавајќи вода. Откако тестото ќе се формира, разделете го на околу 15 топчиња и оставете го да отстои 30 минути.
Со сукало развлечете го секое топче од тестото во форма на мини пица. Ставете на средина по 2-3 лажици од предходно подготвената смеса со пилешко месо. Преклопете го тестото на половина и добро притиснете ги рабовите за да се залепат. По желба можете и малку да ги подвиткате навнатре.
Изматете една жолчка од јајце и една лажица павлака и со оваа смеса премачкајте ги пирошките.
Ставете ги пирошките во тава и печете ги во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, додека да добијат златно жолта боја

SHARE