Македонскиот кошаркарски првак претрпе тежок пораз на гостувањето во белградски Железник во првиот натпревар од 2. коло од Јадранската лига. ФМП славеше со 100-72 со тоа што само во првата четвртина Аеродромци беа рамноправни, па и водеа со 26-25. На полувремето мечот веќе се сврте, ФМП поведе со 51-44, а потоа водството беше зголемено со 70-61. Но тоа беше само вовед во една неверојатно лоша четвртина која на домаќинот му припадна со 30-11, за конечни, многу убедливи 28 разлика.

Најдобар кај МЗТ беше Гарсија со 16 поени, во дуелот Бурсаќ со 17. Другите дуели од оваа рунда се играат утре и задутре, додека МЗТ Скопје во 3. коло е домаќин на екипата на Задар во понеделник.

SHARE