Најновото возило што доаѓа од Астон Мартин е подморница достојна за најпознатиот таен агент. Познатиот британски производител се здружил со Тритон за изградба на подморницата Нептун, која ќе се произведува во ограничена серија.

Цената не се открива, но се проценува дека богатите со амбиции на Џејмс Бонд за оваа подморница ќе треба да издвојат околу 3-4 милиони евра.


Дизајнерот на подморницата Астон Мартин инспирацијата ја добил од хипер-автомобилот Valkyri. Техничките можности не се откриваат, но сигурно е дека подморницата ќе може да се нурне до 500 метри, а треба да има места за три лица.

SHARE