Илјадници младенчиња пингвини умреле од глад на Антарктикот поради невообичаено дебелиот мраз, кој ги принудил нивните родители да бараат храна на подолги растојанија.

Француски научници од 2010 година проучувале колонија на 18.000 пара пингвини во источниот дел на Антарктикот и сфатиле дека само два мали пингвина преживеале од последната сезона на парење до почетокот на 2017 година. Ова се припишува на големите кори од мраз во морето, кои се задржале во водите до крајот на летото, што значи дека возрасните пингвините морале да патуваат подалеку за да најдат храна, додека младите пингвини чекале и изумирале.

Пингвините, кои се хранат главно со мали ракчиња досега добро поминуваа во источниот дел на Антарктикот. Нивниот број е намален во областите каде што климатските промени се предизвикани од патувањето на мразот кој ги намалува нивните живеалишта, додека истовремено затоплувањето влијаат на нивните извори на храна.

Пред четири години, истата колонија броела 20.196 пара , но тие не произвеле ниту еден подмладок. Длабоките слоеви на мраз, комбинирани со потоплите временски услови и врнежите, проследено со ненадеен пад на температурата, резултираа со замрзнување на сите млади пингвини.

SHARE

Оставете коментар