Пред средбата од Лига Европа в четврток во Скопје, Зенит нема никакво искуство од соочувања со македонски екипи, но затоа Вардар има и тоа најпозитивно. Имено најголемиот дострел на скопјани до оваа година беше во сезоната 2003/4 и одеше преку ЦСКА Москва. Тоа лето црвено црните во второто коло од квалификациите од Лигата на шампионите на гости славеа со 2-1 (голови на Гроздановски и Вандаир) и одиграа 1-1 во Скопје (гол на Вандаир) и ги елиминираа Црвено армејците кои, пак, пред кусо време во рускиот шампионат завршија со бод повеќе од Зенит и ќе играат во Лигата на шампионите, а екипата од Санк Петербург е во Лига Европа.