Подготовка:
На тава и во неа ставаме путер и масло за јадење да се загрее. Пиперката ја сечеме на половина, а половината на коцки кои ги додаваме во тавата. Тавата ја протресуваме, па во неа ги додаваме шампињоните и ракчињата. Посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Промешуваме. Потоа ситно го сечкаме магдоносот и го додаваме во тавата. Повторно промешуваме и во тавата го додаваме претходно сварениот ориз. Се заедно промешуваме и оставаме да се пржи.
На оган ставаме уште една тава и во неа го ставаме доматното пире. Во тавата додаваме малку вода и ја оставаме на оган. Првата тава ја тргаме од оган и ја ставаме на работната маса. Кашкавалот го рендаме на покрупната страна од рендето, а доматното пире на оган го промешуваме. Половината кашкавал го додаваме во тавата со рижото и промешуваме. Преостанатиот кашкавал го собираме во еден сад. Тавата со доматното пире ја тргаме од оган. На чинијата за сервирање ставаме 3 лажици сос од домати и го распоредуваме по средината на чинијата. Еден подлабок стаклен сад, кој ќе ни служи како калап го премачкуваме со масло за јадење. Потоа садот го полниме со рижотото со ракчиња и печурки. Со лажица ја мазниме површината и рижотото го превртуваме на чинијата за сервирање врз сосот од домати. Околу рижотото на три краја ставаме рендан кашкавал, а украсуваме со гранчиња магдонос и парчиња маслинки. За крај наросуваме мелен црн пипер.

 

SHARE