Пратеник на СДСМ јавно се противи на договор за името со Грција (ВИДЕО)

Независниот пратеник во редовите на СДСМ професорот Ферид Мухиќ е против наметнување на решение за името од страна на Грција.

Мухиќ смета дека договор со Грција ќе биде штетен за иднината на Македонија и дека тоа може да биде причина за уништување на македонскиот идентитет и држава.

Дури и ако договорот со Грција зависи од неговиот глас Мухиќ ќе биде против затоа што мисли дека тој е штетен.

Целото Интервју на пратеникот на владеачката коалиција со Горан Момироски, во кое е зборува за повеќе актуелни теми, во емисијата 60 минути на Алфа вечерва во 22 часот и 30 минути.

дел од интервјуто со Мухиќ

SHARE

Comments are closed.