Прванов: Коридорот 8 ќе направи бум во односите со Македонија

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, пред камерите на тамошната телевизија БТВ ги поздрави чекорите на премиерот Бојко Борисов кон Македонија, нагласувајќи дека изградбата на коридорот 8 ќе направи бум во меѓусебните односи.

„Добро е што имаме заедничка историја со Македонија. Подобро е тоа што правиме заедничка историја сега. Добро е што се скратува дистанцата. Далеку поважно е да се изгради коридорот 8. Тоа ќе биде бум во нашите односи, дури и културен“, изјави Прванов.

„Не бидува историјата да биде заборавена, туку да биде прочитана разумно и да не им пречи на политичарите за да си ја вршат работата. Поважно е што двајцата премиери се среќаваат во пријателска атмосфера. Тоа се значи кон двете населенија и се создава поинаква клима“, додаде експретседателот на источниот сосед.

SHARE