Македонската берза и натаму покажува тренд на заживување што е резултат на бројот на тргувани акции и на зголемување на цената кај дел од нив. Во претпоследната седмица од месец мај има мала стагнација, но не станува збор за пад, па општите бројки во петтиот месец од 2017. година се позитивни и во нагорна линија.

Најголемите скокови во последниот период се забележани кај компаниите: Фершпед (3,2 насто), Уни банка (2,4) и Топлификација (1.1), а помали има кај Стопанска и Комерцијална банка, Гранит и други компании. Ова заживување на берзата, според упатени во движењето на индексите, се должи на очекување на политичките промени во Македонија.

Најголем губитник во последните денови е битолската конфекција Мокел која доживеа пад на акциите за 20 насто.

SHARE