Разногласие во Грција, Коѕиас и спогодбата сепак доаѓаат во Скопје

За разлика од весникот Катимерини весникот Та Неа тврди дека Коѕиас сепак доаѓа во Македонија.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на 22 март, ќе пристигне во Скопје во дводневна посета, објави грчкиот весник „Та неа“.

Весникот пишува дека посетата се смета за важна, бидејќи разговорите ќе бидат концентрирани на „грчките предлози и очигледно и соодветните скопски предлози“ за постигнување еден меѓународен договор што ќе биде основа за можен компромис за името.

– Никос Коѕијас на 23 март ќе се сретне со неговиот колега Никола Димитров, додека пак, претходната вечер ќе имаат заедничка вечера. Не е исклучено, грчкиот министер за надворешни работи да има средби и со други политичари од соседната земја, но програмата се уште се формулира. Исходот од разговорите во Скопје ќе биде важен во пресрет на следната планирана средба на Коѕијас и Димитров со специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, пишува „Та неа“.

Според весникот, во фокусот на предлозите за кои што ќе се разговара ќе се најде и прашањето со Уставот и начинот на имплементација на договорот за да се дозволи доделување датум за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО на Самитот во јули.

SHARE

Comments are closed.