Рама, Мета и Баша пресреќни за вториот официјален јазик во Македонија

Албанскиот премиер Еди Рама речиси веднаш по гласањето на својот фејсбук статус објави дека ова е историско достигнување за Албанците.

“Изгласувањето на законот за албански јазик од парламентот во Скопје е историско достигнување за Албанците што ја демократизира и ја зајакнува самата Македонија” – напиша Еди Рама
И албанскиот претседател Илир Мета го поздрави донесувањето на законот оцнувајќи го како, значаен акт не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија.

Лидерот на опозициската Демократската партија, Љуљзим Баша во врска со усвојувањето на законот со кој „албанскиот јазик станува службен“ им се заблагодари на македонските партии за дадениот глас со порака дека тоа „донесе многу позитивност во етничкиот соживот во Македонја“.