Кристијано Роналдо доaѓа во Скопје

По триумфот над Јувентус во Кардиф од 4-1 и одбраната на трофејот во Лигата на шампионите, а тоа е прв пат во историјата на ова натпреварување, познато е дека во Скопје на 8. август ќе се случи натпревар на два великана на светскиот фудбал: Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Кралевите доаѓаат на Телеком арената во Скопје како победници во најквалитетното натпреварување, а Англичаните како најдобри од вториот клупски шампионат на Стариот континент. Тоа значи дека публиката во Скопје ќе има извонредна можност на дело да види големи ѕвезди на денешницата како Кристијано Роналдо, Модриќ, Бејл, Рамос од едната и Погба, Де Геа, Мата, мактрјан од другата страна.

SHARE