Руската православна црква сподели видео запис на социјалните мрежи од  средбата на рускиот патријарх Кирил со бугарскиот претседател Румен Радев од пред три дена. Средбата минала со со остри реплики, а рускиот патријарх своите аргументи ги засилувал со тропање со прстите по масата.

Румен Радев

Поглаварот на руската црква пристигна во Бугарија за прославата на 140-годишнината од ослободувањето на земјата од отоманско владеење и учествуваше во прославите.

Но, пред да се да се качи на авион да замине од земјата, даде специјална изјава за медиумите во која изрази разочарување од „лажните историски интерпретации“ на бугарскиот претседател кој на централната прослава на планината Шипка рекол дека улога во ослободувањето  „освен Русија играле исто Полска, Литванија и Финска, чиј воини загинале во борбите“, пренесуваат бугарски медиуми.

„Сакам јасно уште еднаш да ви кажам дека Бугарија била ослободена од Русија. Ниту Полска, ниту Литванија, ниту други земји (Од) Русија“, му порача Патријархот Кирил на претседателот Радев на средбата и додал дека му било тешко да го слуша тоа.

„Ниту полскиот Сејм, ниту литванскиот не донеле одлука за ослободување на Бугарија“, пренесе ТАСС.

SHARE