Светот за албанскиот како втор службен јазик

Македонските народни избраници го усвоија законот со кој албанскиот јазик стана втор официјален јазик на земјата, а гласањето го бојкотираше главната опозициска партија, објави денеска „Вашингтон пост“ кој ја пренесува агенцијата Асошиејтед Прес.

„Законот е усвоен денеска со поддршка на 69 пратеници во 120-члениот парламент. Се бара одобрение од претседателот на државата пред да стапи на сила.
Етничките Албанци сочинуваат околу една четвртина од 2,1 милион луѓе во Македонија, а новиот закон им дозволува да користат албански јазик во комуникацијата со сите официјални институции низ целата земја.
Претходниот закон, кој произлегуваше од мировниот договор од 2001 година, што го заокружи вооружениот конфликт меѓу етничките албански бунтовници и владини сили, го одобри тоа право само во области каде што малцинството било поголемо од 20 проценти од населението“, се вели во веста на АП што ја пренесуваат голем број американски и европски медиуми.

SHARE