Италијанската актерка Моника Белучи (52), веќе е во шестата деценија, но тоа не ја прави помалку привлечна. Токму спротивното. За многумина актерката е една од најубавите жени во светот, а на новите фотографии таа се шета во бела облека која јасно ги открива нејзините атрибути.

Актерката очигледно знае на кој начин, да ги маѓепса мажите низ целиот свет со нејзиниот изглед и сексапил.


Да потсетиме, Моника Белучи по разводот од францускиот колега Винсент Касел (50), немаше партнер, барем не во јавноста. Во меѓувреме нејзиниот поранешен сопруг се фотографираше со триесетгодишниот модел, Тина Кунаки. Белучи и Касел се разведоа во 2013. година по 14 години брак и имаат две ќерки Деву (13) и Леони (7).

„За бракот никогаш не знаеш колку долго ќе трае … денеска функционира, а за една година, не знам“ рече актерката по разводот.

SHARE

Оставете коментар