Села сега се залага за унитарна Македонија

Иако предходно во неколку наврати во изливи на национализам Зијадин Села се закануваше дека ќе го запали парламентот, дека Македонија треба да биде кантонално уредена, дека Македонците не постоеле пред 100 години денеска лидерот на „Алијанса на Албанците“ со умерени ставови за политичката иднина на земјата.

Зијадин Села сега тврди дека не е спорно дека треба да се чува унитарниот карактер на државата, а тоа не се прави на протести туку внатре во Собранието.

Според него на 27 април бил извршен атентат врз потребите на Албанците, не само врз него.

„Потребите на Албанците ќе ги преточиме во политички барања и заедно со другите политички субјекти ќе се вратиме уште појаки на политичката сцена. Ние бевме за ново влаеење кое ке биде во интерес на граѓаните, кое нема да ги дели граѓаните врз етничка и политичка основа и  дека во Македонија може поинаку и подобро. Во новата Влада ние ќе бидеме гаранција дека интерсите на Албанците ќе бидат реализирани“, рече Села на прес конференцијата во Тетово.

 

SHARE

Оставете коментар