Министрството за внатрешни работи го идентификувало осомничениот убиец на 28 годишниот фудбалер Мартин Јанушев кој беше убиен на 3 ноември пред неговиот стан во населбата Аеродром во Скопје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера рече дека полицијата има докази дека убиец е лицето Ф.С. и дека е во тек роцедура за негово апсење.

МВР распиша и меѓународна потерница по осомничениот.

Медиуми објавија дека зад иницијалите Ф.С. се крие лицето Филип Секуловски, наречен Кобра.

Од една политичка партија вчера прашаа зошто бил потребно толкав временски период да се идентификува сторителот и дали во одложувањето немало намера.

Во часовите и деновите по убиството во центарот на Скопје, пред угостителскиот објект „Ред кафе“, се ширеа непроверени информации дека за убиството на Мартин Јанушев бил виновен „штитеник“ на КП „Идризово“ кој токму тој ден бил пуштен да користи „викенд“.

МВР, како што пренесуваат медиуми, смета дека убиството се случило поради лични недоразбирања меѓу убиецот и жртвата.

Министерството за внатрешни работи во врска со овој случај повикало на распит дури 37 лица, а најдено било и оружјето со кое било извршено убиството.

Мартин Јанушев, поранешен фудбалер на Локомотива, беше убиен со пет истрели во главата и во вратот.