Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот Бенџамин Менди е потешко повреден, в петок ќе биде опериран во Барселона и постои опасност воопшто да не заигра во текот на оваа сезона. 23 годишниот бек за кого Манчестер Сити летоска му плати на Монако 57 и пол милиони евра се повреди во минатиот викенд во дуел со Таузенд од Кристал Палас, но првично не се знаеше дека повредата на коленото е така тешка.

Менди по доаѓањето на Итихад одигра само 4 натпревари, но тренерто Пеп Гвардиола не криеше дека со него има долгорочно и квалитетно решение.

SHARE