Празниците и слободните денови се идеални за менување на зимската гадероба и постелнина, со пролетна и летна, а дел од оваа акција, во овој период, мора да биде и чистење на клима уредот во вашиот дом.

Станува збор за мала интервенција која предвидува или менување, или освежување, чистење на филтерот во клима уредот, кој знае да биде место на кое се развиваат најразновидни бактерии. Најопасната по човековото здравје е легионелата која ги напаѓа хроничните болни, пушачите и тие што конзумираат алкохол, и за нив може да биде и смртоносна.

Затоа веднаш и без размислување, ако го немате купено или во резерва, ставете го филтерот на неколку минути под млаз жешка вода, избришете го, исушете го, и вратете го на место. И подобро ќе функционира и ја намалувате опасноста од сериозна болест.

 

SHARE

Оставете коментар