Во текот на зимските месеци на кожата и треба дополнителна нега. Студениот воздух ја суши кожата на лицето, косата, а негативни траги остава и на нашите раце. За да ги заштитите рацете потребно е само малку повеќе внимание, а не скапи козметички производи. Маслиново масло – лековитите својства на маслиновото масло се познати оддамна, освен тоа што може да спречи најразлични заболувања се користи и во борба против црвенилото. Само неколку капки ќе ја отстранат непријатната промена на кожата на рацете. Ракавиците се задолжителни, во текот на зимските месеци, мора да носите капа и шал, и не заборавајте на ракавиците.

И во зимскиот период рацете мијте ги со млака вода. Премногу топлата вода може дополнително да ја исуши кожата. Со цел да постигнете совршен изглед на кожата, обрнете внимание на исхраната. Внесувајте многу свежо овошје и зеленчук, и храна која е богата со витаминот Б. По миењето на рацете капнете неколку капки сок од лимон, така ќе ја неутрализирате pH вредноста на кожата и ќе ја снабдите со потребните витамини.

SHARE

Оставете коментар