По 37 години лет низ вселената, повторно се вклучени четирите генератори на сондата Војаџер 1, најдалечниот објект од Земјата што човекот го создал, соопштија од НАСА.

Благодарение на овој маневар, “Војаџер 1 ќе го продолжи животот за уште две до три години, изјавила Сузан Дод, проект менаџер на НАСА.

Со овие генератори, Војаџер 1 ќе се сврти во насока кон Земјата за да можесо своите антени да комуницира со нашата планета.

Сондата Војаџер1 , која од своето лансирање пред 40 години два месеца и 27 дена ја смени историјата на астрономијата, патува низ меѓуѕвездениот простор со брзина од скоро 17 километри во секунда (над 61.000 км на час) и во моментов е повеќе од 30 милијарди километри далеку од Земјата.

Вселенската сонда носи позлатен аудио-визуелен диск во случај вселенското летало некогаш да биде пронајдено од интелигентни форми на живот од други планетарни системи.

На дискот има слики од Земјата и нејзините животни форми, голем број научни информации, говорни честитки од луѓе како генералниот секретар на Обединетите нации и од претседателот на САД и мешавина  од „Звуци на Земјата“, која вклучува звуци од китовите, плачењео на бебе, бранови..

Исто така вклучена е и колекција на музика, како дела на Моцарт, Вили Џонсон, Чак Бери. Други источни и западни класици, како и различни перформанси на домородна музика од целиот свет. Дискот, исто така, содржи честитки на 55 различни јазици.

SHARE

Оставете коментар