Српската опозиција збунета од драмата со Македонија, земја пријател

Српските пратеници од опозицијата бараат одговори зошто српските власти ги повлекоа сите свои дипломати од Скопје.

И тие се сомневаат во вистинските причини за ваквиот погрешен пристап кон Македонија која што ја нарекуваат земја пријател. За нив е чудно обвинувањето за „офанзивно делување“ на Македонија и брзата нормализација на односите со Скопје без да се откријат причините за дипломатскиот скандал за кој според нив се смее цела Европа и регионот.

„Што го натера министерот Дачиќ и раководството на земја на ваков драстичен потег“, прашува Џорџе Вукадиновиќ од Движењето за спас на Србија кој бара објаснување од дипломатијата. Според него вакви потези се повлекуваат само со случај на војна.

Има многу примери за чекори кои што можат да се преземат кон земји спонзори на Косовската независнот, но од друга страна ваков драстичен потег е упатен кон земја која што во основа има пријателски однос кон Србија”, смета Вукадиновиќ.

Според Балша Божовиќ од Демократската странка на Србија, пратениците и граѓаните треба да знаат што беше толку драматично за Србија да го повлече целиот дипломатски персонал од Скопје.

„Дали премиерката Брнабиќ знаеше за тоа или претседателот Вучиќ ги чувал информациите само за себе“, прашува Божовиќ.

Според Балканската независна новинска агенција дел од српските аналитичари сметаат дека во позадина на судирот Белград – Скопје лежи битката меѓу западот и Русија.

SHARE

Оставете коментар